Си било едно Дебело Дете. Го седнале во голема кола и го однеле….по ѓаволите и шумските ѕверови.
Прво го однеле во село Теово да гледа стара куќа….

Па му рекле: глеј десно!
Морало така за случајно да не не го види стариот јавор, не се знаело колку стар, ама прастар е …гарант!

Го однеле Дебелото Дете во село Папрадиште. Името е јасно како…џунглава пред мене.
Папрати кои копнеат да бидат Мајкл Џордан кога ќе пораснат, а до тогаш ќе се задоволат со бидување високи колку мене и троа појќе.

Шетало Дебелото Дете низ убави шуми, без мечки и волКОВИ по патот што се вика Сеча, засекогаш се викал Сеча, не го смислив јас.

…..ни самовили, ни бутур….свашта, после некој ќе ми рече шума….ма безвезе муабет

Шлапкало со ноџињата(безбедно спакувани во алпина кондури) во Чеплеска река и наишло и на некој си стар, прастар мост

За да не се изгуби…….

За да не остане гладно, маф ги направи јаготките по пат. Тоа беше начин да си знае по кој пат дошло. Како Ивица и Марица….само без Ивица и Марица.
А и многу убаво мирисаа јаготките….

Фајнли!
Или барем така мислеше Дебелото Дете.
Планинарски дом Чеплес, 1.450м и Дебелото Дете само стигна до таму. Не се шлепаше на ничиј грб. Хонестли со Х.

И таман заспав на клупа пред Чеплесот…милина и мераци невидени, лошото детиште Хуго рече: Станувај! Одиме кај Мицо Козар.
ООООО, зошто јас? И што не дојде тој Мицо кај нас….бем му све!
Се влечкав ко орангутан првите 10 минути од сите 45 и мрчев што ме измкнале, ама вредеше маката
Камен ладна вода, мерак!

Солунска глава, карпите се викале Нежилови стени(ми шепнаа сега)….прсти да излижеш се.

Да се знае кој кај бил, да не тандарчите дека гугл ми го правел постот.
Алпина и Солунска то су срца два
Да ја поздравиме дружината Братско стебло со песната:
Зелено е се` на Марс, еве зелен сум и јас
разни зелени нијанси
други бои нема шанси
Јас тука ги валкав белите докторски тренерки, а вие живејте си во бетон ки ки ки
)

За да ме изгубат намерно ме враќаа по друг пат. Дека по Сеча си обележав….
Ама на другиот пат си најдов водопад
Уат ќен ај сеј, во секое зло по нешто добро си наоѓам.
Многу фино си го најдов водопадов
Гал гал…..

Папрадиште из далека
Мијачко село во сред Брсјачка калакурница
)

Срнето во рибникот во Нежилово. Најдобар другар му е шарпланинец
Ете!
Чича мича готова је прича
Од пуст инает на Требеништено со ланските бајати речиси мувлосани слики
)))
бре бре брееее…. убаинии
САКАММММММ ИИИИИИИ ЈАААААААААСССССССССССССССС
….
а земаат ли слаби улави деца ??? :s
Шо убава сликовница си направила…Овој папрат го има и кај нас, а велат бил ендемски.
Луда, сакам почесто сликички од патешествијата на Дебелото дете !
Бравос бе Лудо Главо.
Гласам за последната фотка
И немој ногу инает да покажуваш
Убаини!!
Срнето не заслужува да е зад решетки!!!
знам, Дорчо, знам, виделе ги моје очи…и се заљубиле бем им све, ми се оди пак, ми се плаче….ама нема да плачеме ко мали девојчиња, троцку појќе ќе плачеме
Колибри, слаби така-така, ама улавост ти е пасош за секаде
Партик, како и секоја приказна запишана во сликовница и оваа имаше среќен крај и живееја среќно до крајот на животот….додека не дојде сметката за интернет
Надо, има, има…кола со добри амортизери што може да го издржи Дебелото Дете за да има приказни за раскажување и насловни за онадуење
Требениште, хм….пристоен избор, ама јас би гласала за самовила на водопад

и не ми објаснувај ти мене дали да се инаетам или не, припази таму што ти шета низ куќи
Фалас бе Шенте
Џанго, сренето не е зад решетки

тоа е нејзиниот дел од дворот, голем и убав
да мислев дека не и чини, одма ја грабав бегалка
И НЛО си фатила на сликата со кондурите и знакчето.. брао брао.. абе финоќа!
Лу ама си ослабела….све убаво е на сликите
неш жено, побогу логирај се некогаш. се логирам значи постојам
ауттејк, јас уствари затоа бев таму, ИТИ го испраќав дома. од ФОУН ХОУМ…преку глава ми дојде
E.. а никогаш немаше да погодам зашо си акала по тие дивљи места..
ej zakon imam i jas ideno na solunskava
dolna babina dupka zakon fotka iam slicna i jas
аут, се преправам дека сум уајлд енд спонтејниус
орде, повеќе пати сум била на чеплес од колку на водно