17
јул
09

ГАЛИЧАНЧЕ ВО ГАЛИЧНИК

Конечно!
По минимум 10 години мољакање некој ме однесе да си ги пронајдам корените, да сфатам зошто см ваква акната.

Решил прадедо ми Вељо, всушност неговиот татко, пред 100тина години дека е време да се селат од Галичник. Прадедо ми тогаш имал 4-5 години. Така ми кажале.
Е таква галичанка сум. Раселена.

Да биде уште посташно, прадедо ми или прапрадедо ми, не знам кој, бил женет со влаинка….ајм микс оф д јир
Прашање од галичанец:
-Ти кафе нејќеш, НЕЛИ?  :) )

Доста беше галичка историја, уживајте малку.

Патот кон Галичник

Една змија згазена од лоши чичковци, лоши лоши чичковци

Уелком ту мај урлд  :)
Галичанчето си ги најде корените.

Сред село. Да живеев во Галичник, тука ќе доаѓав со стомнето по вода. Убава ладна вода  :)

Црквата и музејот во Галичник

Моето село, убаво како и јас  :)
Во ова село коњите под рачна пасат  :) )

Говедарник. Свашта. И тоа ти било име за карпава. Ма се гледа дека сум галичанка. Како јас да сум го смислила.

Минато време…..

Црква Св.Петка од 16 век

Патиките позираат….црковна поза, упристоени се  :) )

Патиките кулираат  :) )

Галичко мијачка снаодливост

Галичко пеперутче. Баш се питам, дали има толку тврда глава како мојава? :) )

Ех….брсјачко-мијачка љубов :)
Какви се не жртви правиме за мир на планетава, да се смират племињана….ќе каже некој фала или врска немате што зборам?  :) )
Важно љубов е, ама нема умирачки како оние двајцана жабари(Ромео и Јулија, појаснување за оние кои се слоу) :) )

Убаво се печело порано тука. Јас кога бев, беше затворено инаку ќе прераскажев што сум јадела

Моите забегувања

Патот назад….

КоњОВИ на Бистра планина

И овчички…и цивилизација во вид на дебилен кабел сред кадар. Важно има овчички!

Старата црква во Маврово, појма нема како се вика, ама сите ја знаете

Ова па колку немам појма што е….чудо некое. Ќе ви налета Требениште од некоја страна и ќе ви каже 

Мавровско езеро, од едно осквернавено место

Црквата од поблиску….

Ете…така  :)
Сакав да одам и за Галичка свадба, ама ми се нејќеше да се тријам со непознати…за без пари  :) )
Ќе одам пак….да видам кај се темелите на разрушената куќа на моите дедовци и баби.

Галичанче сајнин аут!




0 Responses to “ГАЛИЧАНЧЕ ВО ГАЛИЧНИК”


  1. No Comments

Leave a Reply




ХРОНОЛОШКИ БЛИЦОВИ

јули 2009
П В С Ч П С Н
« јун   авг »
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

ИМ СЕ НАСМЕАВ ЗА ДА МЕ СЛИКААТ