Кога дивјачиштето во мене ќе се разјари, еве каде завршува- СЕЛО ДИВЉЕ.
Како стигнав до Дивље?
Преку село Коњари
)
Сега јасно?
)
До селото води асфалтен пат. На некои места малку не е асфалтен, ама некогаш бил и тоа е утеха. Се наоѓа на надморска височина од 853м, а во цел саат и троа појќе колку што харав, видов само една баба дивљарка и чичкото дивљар што полни вода.

Многу сакам ладна изворска вода, ама многу!
Од сигурни извори дознаваме дека водава била многу квалитетна
)

Малку поила, нема коњи и не знам да везам, ама ме воодушевија камените поила.

Во некои подобри времиња имало и планинарски дом.

Малку погледајте го селото…

Старата црква, Св. Богородица

Нешто што многу ме воодушеви, можеби ќе ви личи морбидно, ама ич не ми чуе.
Окулу старата црква најдов стари гробови, ептен ептен стари, по 150 години(можеби)



Патот по кој дојдов, опулен од Дивљарска височина

Дивљарски пеперут, не дека е различен од другите, ама….

Печурчево не е меџик, џабе се нарадувавте. Се вика Пуфка. Не ја крстив јас, така ја викаат и другите. Се јадела, јас не експериментирам, а сушена порано се користела како лек за рани.
Ете, ве едуцирав.

Моите прсти за некого се кале.

Средсело од високо

Чудното невреме на патот кон дома

Ете, видовте уште едно чудно село
Дивљачка селанчица сајнин аут
0 Responses to “с. ДИВЉЕ”
Leave a Reply