Некои други лажат. Не само што лажат, туку и сушат!
Речуваат извори на Бабуна, а не ги ни виделе изворите…..боже ме опрости секакви постојат, не ја кажуваат ПРАВАТА вистина. Може слободно историјата да ја пишуваат со таЈа ПРАВА вистина
)
Е па вака:
Прво сите да ми кажете фала на жиро сметка за маката.
Овој водопад го гледате тука и во живо НИКОГАШ!
Ве знам јас што мрцини сте, нема шанси да го изодите патот кој посекако поретко се оди.
Мака намачив да стигнам до таму.
Ги прашав тие во планинарскиот дом Чеплес како се стигнува до водопадот и едниот рече:
-Има козја патека, тесна, ама не е страшно.
Фино ми звучеше….НО!
Другиот:
-Абе…види…од две групи, едната пропаѓа.
Бем ти све по список, чунким не сум втората.
Тргнав, мислев не ќе се вратам, да имав мрежа на мобилен ќе се јавев дома да го издиктирам тестаментот.
Тоа торлето што рече козја патека дека имало….ќе го окозев од ќотек.
Едно патче, ма ни коза не го погледнува, башка час го има час го нема.
За корења се држев и одев. Угоре високо, удоле…провалија бре!
А јас сиротиња, трапчо трапчовски….машки издржав! ОУ ЈЕ!
Ајде сега енџој д пикчрс
Преку ова се прекачував. Тоа таму горе се корењата на дрвјата….ахам!
Сами си паднале, не ги мкнев за драма момент.

Ова е поасолниот дел од патеката. Има место колку едно ноџе да ставиш. Во понеасолниот, апарат не вадев, висев на гранки и корења и псовав ко кочијаш.
На некои делови патеката беше одронета, тогаш се снаоѓавме со пцовки….тоа беше најважно, да се испцујам
)

Мал не шематски приказ на дел од патеката по која поретко, а можеби и скоро никогаш не се оди.
Сега дали ви е јассно како стигнав?

Капка надеж дека можеби сум блиску

Заборавете дека некогаш псовав…..ммммммммм мераците почнаа
И нормално, кондурчињата испозираа први, бидејки заслужија. Ниту еднаш не ме стркалаа во провалија
)

Водопадот е висок окулу 10ина метри. На пролет има повеќе вода, ама и ваков не е за фрлање.
Покрај него беше многу ладно и дуваше, а водата….да речеме дека со генерации и генерации планинари, никој не се избањал во неа. Иако на 2 км подоле на Бабуна се бањаат, а уште потаму во село Богомила има и ГРАДСКА ПЛАЖА. УУУУУ градска плажа во село…кул!
Месноста градско плажовска ја викаат ТАСЕВСКИ ВИР
Да ја наречеме ЛАДНИЧКА водата и да завршиме со муабетот за температурата.
Да се пофалам дека си наполнив шише вода од водопадов и си пиевме среќни и весели, а и немаше потреба од линекс, медицински јаглен и адр стаф
)
Многу фина водичка, многу фина

Некои дрвја што сами паднале, не ги турнав јас за да ми послужат како позери за сликање, жими трето дете ви велам
)

Ајм кул

Некое притокиче на Бабуна

Хм…. да не ве плашам, ама ова е волчја дупка. Тоа значи дека овде волкот спие. НЕ ЛАЖАМ!
Си мислев ми о вуку, вук на врата, ама шипак, вукУ никаде го немаше. Не е ни чудо, вукУ нема врата
)

Значи, да резимираме, јас сум била ПРВАТА група, онаа што не пропаѓа по провалии.
Ако случајно ви се оди, напрајте во парови преброј и чекајте да пројде втората група
)
Благодариме на вниманието и довидување до следното видување. Останете со програмата на ЛУДО ФОТО
0 Responses to “ВОДОПАД НА БАБУНА”
Leave a Reply