29
авг
09

ЦРН КАМЕН

Јас сум ти…да ме грабнеш и да бегаш. Или само да бегаш, ако имаш трунцка памет во глава.
Ми се јавија од планинарско друштво и ме викнаа на Црн Камен на Скопска Црна Гора. Ми објаснија како и каде треба да бидам, ама да не пукнам ја оплескав.
Ми рекоа во 7ч на меѓуградска кај нова железничка, најверојатно тоа ми рекоа, ама џабе висок ај кју кога не го користам.
Си запамтив кај новата црквичка и си се нацртав карши МАНУ  :) )
А таму, пуста пустелија, ни чистачи по улици немаше, не па цела планарска тајфа. Мобилен чуда прави, па и сега направи. Се јавив и опитав уац ап. Мај бед, сори, сепак требало железничка  :) )

Имаа решение и за тоа. Ми рекоа почекај автобус со број тој и тој и чекај го кај суд. ОК.
5 минути подоцна.
-Оди со 57ца.
Добро.
5 мин. подоцна јас веќе во автобус.
-Симни се во чаир и ќе одиме со друг автобус…..

Ово се дешава само мени и не у Београду.

Важно некако стигнавме во с.Побожје и од таму пешадија угоре.

Доказ дека стигнав до Побожје  :)

Дел од патот кон Црн Камен

По село Побожје, пеш стигнавме до с. Бродец. Двете села се убави. Сега повеќе се викенд населби од села, но јас си ги мерачам селските куќи  :)

Знаци на живот….

Патот од Побожје кон Бродец.

Некаде на пола пат кон Црн Камен почна да врне, а подоцна и да истура  :) )
Се засолнивме и по 30ина мин си продолживме понатаму. По пат имаша тоооолку многу мајчина душичка. Кај да стапнеш во неа ќе згазннеш.
Јас трчав со кесето и други ми собираа. Мој придонес беше посветеното држење на кесата и мрчењето:

-НЕ МИ ГАЗИ ПО ДУШАТА- кога некој ќе стапнеше во тоа што сакав да го берам.

Конечно го здогледав ЦРН КАМЕН  :)

За тие што заборавија, Црн Камен е врв на Скопска црна гора. Висок е 1.585

Погледни си наокулу, убаво е  :)

Не знам зошто секогаш сум последна…..дали дека постојано фотографирам или дека ама баш ич не ми значи побрзо да стигнам…..а може и дека сум Меше Таралеше  :) ))
Важно секогаш има некој пред мене да ме води, инаку….ќе си праам муабет со некои граничари  :) ))

Поглед на Скопје, сликано е блиску до врвот

Напуштено бачило. Ако мене некој ме праша, ова е мошне фино место за живеење. Мошне фино.
  :)
 

Овој ме ѕирка. срам и арам да му е! :) )

ОПАААА!!!
Кондурчињата одмараат и позираат на врвот.
Морам да си кажам. Имаше мала кризичка на 10 метри од карпите на врвот. се пентарев, се пентарев и кога се исправив, задува ветер и се зезнав и погледнав надоле, се занишав и се препаднав  :) )
Не вриштев де! Само малку ме онелагоди ситуацијата  :) )

Подарок за мене  :)
Или ме љуби или ми мачка очи. Не знам… ќе дознаам по трето дете  :) )

Гал гал за збогум  :)

Поглед на Скопје на враќање, неколку часа подоцна

Некој лаком гс грицнал и оставил….а некој абдал сликал…

Тажната баба од Бродец…

Ете толку.
Малку да не ви беше?

И да беше, сега ја си заминувам  :) ))




0 Responses to “ЦРН КАМЕН”


  1. No Comments

Leave a Reply




ХРОНОЛОШКИ БЛИЦОВИ

август 2009
П В С Ч П С Н
« јул   сеп »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  

ИМ СЕ НАСМЕАВ ЗА ДА МЕ СЛИКААТ