Ај прочитај го пак насловот. Гарант мака мачиш и додека го читаш во себе, не па да те натерам да го читаш на глас или да ти го престорам во брзозборка.
Сарамсаклии се многу фраерско збиднување. Сум јадела тоа порано, ама тие што ми го правеа го викаа пита со јогурт…свашта. Ама тоа ти е. Кога луѓето појма немаат од каде потекнуваат или пак се срамат од тоа. Затоа сум јас тука. Да им расплескам се’ во фаца
И така јас дознав дека питата со јогурт се вика САРАМСАКЛИИ и дека е специјалитет кој им е познат само на кривопаланчани…и МЕНЕ дека јас сум полокал од локалниве
![]()
Чија баба или мајка го прави овој рецепт – ОД ПАЛАНЕЧКО ИМА ПОТЕКЛО
![]()
Уште па ако има плави очи – нема утка. Ептен локал паланчанац е. Никогаш не верував во географска поделба на луѓе, ама ова со плавиве очи во паланака е неверојатна работа. Толку се испрактизирав што почнав и по пријатели и непознати да препознавам паланчани. (загледува во монитор да види кое плаво око гледа навака)
….
Не зјапај во кутијата од новиот телевизор. Глеј таму како се сукаат кори!



Нема да се расфрлам со рецепти, освен ако некој не е заинтересиран. Сакав само да ви направам лиги де
Ако НЕКОЈ си го препознае тавчето нека се пријави за САРАМСАКЛИИ
Благодарам на вниманието и пријатно
(почнува да дели салфетки за да не си ги расипат тастатурите од лигавење)
мене на тортелини ми заличија. ама е изгледа само уште една варијанта на празно тесто… Македонски специјалитет. Тесто па тесто..и тоа празно
ХА!

се Ѕезна ако мислеше дека се’ сфати од сликите
не ја кажав малата тајна на гоелмите мајстори што ги прави сарамсаклиите екстремно добри
значи многу мразам кога се повторувам… ама ЛГ …ич не пратиш ситуација
http://algorit007.blog.mk/2011/01/04/zatemnuvanje-na-sonceto/dsc01660/
Не туку се фали
кога ке бидат готови
звони на тоа прапорецот знаеш каков готован сум ..е беее мммм
браво !!!за стореното…
ама подобро пита наречена …
отколку турцизам ,,сарамсакли,,…
а и од таму и потекнува…
па наместо плави очи црни мустаки ќе гледаат !!!
поздрав
Не требаше да отварам тука, ми се пријаде у 5 сабајле. Ти си крива
Еден ден ќе ти го најдам селото
)))
алгорит, значи стварно немам кожен мантил и не следам ништо
полард, кликни ФФ и забрзај го твоето слоу моушн. додека да пишеш ги снема. повеќе среќа следниот пат
бијонсе, ќе бегаме од труското САРАМСАКЛИИ што сме го изчмајале 5века трпеливо и ќе им рипаме на грците во прегратки со зборот ПИТА?


македонски е зелник, тикварник, гибаница, а ПИТА е малку НАСТРАНИЧНО накај грчки
на крајот на краиштата не ми чуе што е и од каде е, убаво е
1979, не се секирај, само ти најди го селото, локалниве кодоши одма ќе те однесат кај СКОПЈАНИТЕ (така не’ викаат, како да сме во серијата ЛОСТ ( ДИ АДРС)
Пола скопје од паланку е
јасно ми стана од кога го оставив скопје

особено стајковци….стајковци ме плаши
hahaha
хихихихихихихихи, хммммм…сарамсаклии!? А!??
… без него САРМАуСАКСИИ хихихихихихихиииии!
ми останаа од Св.Никола, посни!

сањам за вакво тавче
сакаш расад за сарми?
се берат за Св.Трифун, мрснииииииии!
п.с. Знам дека не пиете ама, по една чаша црно да учипевте
на ова фоткиве не ќе беше лошо!
џанго, имавме гости кога ги правевме сарамсаклиите, па го скривме виното

расад за посни сарми?
НЕ, БЛАГОДАРАМ (во стилот на кампањите на влада за борба со дрогата)
Mmmmmmm prekrasno A da go dadese i receptot?
Pobarav recept na net ,mi go dade samo gradot vo turcija.
Не барам рецепт, зошто не знам ни кора да усукам.
)))))
Ама Лудо, дај кази ТВ-то арно ли ти се совпадна во енериерот?