Author Archive for ЛУДА ГЛАВА

17
фев

НА ПОРОДИЛНО СМЕ

Не знам вие што правите по скопјено и во тоа демек цивилизацијата, ама нас не’ немаше дека бевме на продилно. Крај на Јануари и почеток на Февруари сите наши козички решија да се пораѓаат :)
Па редно е да поделиме радост. Ни се родија вкупно 6 козлиња, 4 девојчиња и 2 згодни момчиња :)

Ден, по календар 25.01.2011. Надвор температура -8.
Прва се породи Бисерка. Прво па машко :)
Повелете, Ви го претставуваме господин Безименко. Не смеам да им давам имиња на машките, дека не смееме да ги чуваме, па само им се радувам на безименоста :)
Мали срце ми топиш еееј  :*

IMG_7022

Бисерка не запре на едно козле. Во тоа мало телце, во едно мало меше скрила две џуџулиња.
Принцеза Божана :)
Добро утро Божанче и добре ни дојде во животецов :)
Малку ѝ беше ладничко па ѝ ставивме шишиња со топла вода да ја стоплат, а богами и ја покривме.
Клиника Шварцвалд, др. Удо Брикман
IMG_7012

После се предомисливме и ја прибравме домче, покрај ќумбе, да поспие малку и да се исуши, а после гајле си немаше и на -8 :)
IMG_7030

На 01.02.2011 и Галена реши дека е време да ни подари деца.
Прво се роди ова црно како чоколаден ќумур, големо како да има два месеци полни.
Неколку дена беше без име. Ја викавме Малата на Галена. Сакавме да има име што ќе ѝ личи, што ќе означува АЛФА ЖЕНКА како мајка ѝ, да биде прилепско, дека е црна како прилечанче и да има кралско име.
Така еден мил пријател предложи да се вика ЕВРОСИМА, мајката што ќе го роди Крали Марко, ама тоа нас не’ асоцираше на сестрата на Крали Марко – КОСАРА :)
Па, посакајте ѝ добредојде на големата и храбра Косара :)
IMG_7413

Косара има и сестричка близначка. Колку што е Косара црна, толку е сестра ѝ сребрена. Ја нарековме Сибирка, дека е сребрена како сибирски снег, а рунтава е како овчичка :)
IMG_7547

Дата 05.02. 2011, Алексанра разгалената принцеза на свет донесе мало машко бамби:)
IMG_7466

И на крај за да ја затвориме породилната сезона, ја чекавме мИлена. Таа ни ја роди Душица :)
IMG_7540

Сите имиња се смислени и дадени со љубов. Некому можеби смешно ќе му личи, ама овие џубирни прекрасија, само такви имиња заслужуваат :)

Список на сите козички. Сега на број се 13 :)

Галена
мИлена
Столе
Алексанра
Бојан
Бисерка
Босилка
Божана
Малиот на Бисерка
Косара
Сибирка
Малиот на Алесандра и
Душица :)

Чисто колку да се пофалиме, кога веќе ни тргна, копиљациве ги поздрави владта на РМ и ги частеше со исплата на субвенции.
Со тие пари планираме да им купиме седишта за на трактор (ако чико произведува такви за козички и трактори)  :)   :)   :)   :)

07
фев

ЗБОГУМ

Спомен за :
ДИМИТАР БОЦЕВСКИ – БОЦА

IMG_6220

Те паметам од едно детство
те паметам насмеан
паметам и мене ме смееше….

И минаа годините
пораснавме, се изгубивме….

И решил животот дека будали како нас треба да се другари
решил животот
дека будали како нас треба да се другари….но само низ спомени….

Не прашувам зошто, знам одговор нема да добијам….

Ми се радуваше на среќата, не дојде да ја поделиме,
а среќата е поголема ако имаш со кого да ја поделиш…..

Што да правиме сега, ние што те сакавме?

Збогум….
ние ќе те паметиме, со радост ќе се сеќаваме, со солзи ќе те испратиме….

IMG_6145




ХРОНОЛОШКИ БЛИЦОВИ

мај 2012
П В С Ч П С Н
« фев    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

ИМ СЕ НАСМЕАВ ЗА ДА МЕ СЛИКААТ