Ај прочитај го пак насловот. Гарант мака мачиш и додека го читаш во себе, не па да те натерам да го читаш на глас или да ти го престорам во брзозборка.
Сарамсаклии се многу фраерско збиднување. Сум јадела тоа порано, ама тие што ми го правеа го викаа пита со јогурт…свашта. Ама тоа ти е. Кога луѓето појма немаат од каде потекнуваат или пак се срамат од тоа. Затоа сум јас тука. Да им расплескам се’ во фаца
И така јас дознав дека питата со јогурт се вика САРАМСАКЛИИ и дека е специјалитет кој им е познат само на кривопаланчани…и МЕНЕ дека јас сум полокал од локалниве
![]()
Чија баба или мајка го прави овој рецепт – ОД ПАЛАНЕЧКО ИМА ПОТЕКЛО
![]()
Уште па ако има плави очи – нема утка. Ептен локал паланчанац е. Никогаш не верував во географска поделба на луѓе, ама ова со плавиве очи во паланака е неверојатна работа. Толку се испрактизирав што почнав и по пријатели и непознати да препознавам паланчани. (загледува во монитор да види кое плаво око гледа навака)
….
Не зјапај во кутијата од новиот телевизор. Глеј таму како се сукаат кори!



Нема да се расфрлам со рецепти, освен ако некој не е заинтересиран. Сакав само да ви направам лиги де
Ако НЕКОЈ си го препознае тавчето нека се пријави за САРАМСАКЛИИ
Благодарам на вниманието и пријатно
(почнува да дели салфетки за да не си ги расипат тастатурите од лигавење)








ТУЃИ БЛИЦЧИЊА